По повеќедневните нагаѓања, конечно било обелоденето дека Џастин Тимберлејк и Џесика Бел се вериле. Според американските медиуми, радосната вест ја потврдила бабата на Џастин, Сејди Бомар.

Таа рекла дека Џастин со родителите и Џесика отишол за празниците во Монтана. Таму ја запросил Џесика. Потоа ја повикал својата баба за да ја сподели среќната вест. Иако ветила дека нема да зборува за тоа со новинарите додека не поминат празниците, бабата очигледно не можела да издржи и раскажала за сите детали кои ги знаела.