Познатиот холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли конечно се верил. Оваа вест за медиумите ја потврдил менаџерот на Бред Пит Синтија Пет-Данте. Таа навела дека засега не е одреден датум за венчавка, додавајќи дека веридбата е „ветување за иднината“.

Исто така истакнала дека нивните деца биле пресреќни поради веридбата. Бред Пит и Анџелина Џоли се заедно веќе неколку години. Имаат три посвоени и три биолошки деца.