Актерскиот пар Бен Фостер и Робин Рајт се вериле, јавуваат електронските медиуми. Ѕвездата на серијата “Hous of Cards” во петокот го покажала својот веренички прстен на изложбата „Патувањето на еден фустан“ на Дајен вон Фурстенберг.

Рајт и Фостер заедно играа во криминалистичката драма “Rampart” во 2011 година, а во врска се од февруари 2012 година. Ова ќе биде прв брак за Фостер и трет за рајт, која 13 години била во брак со Шон Пен. Била омажена и за актерот Дејн Видерспун.