Скарлет Јохансон од неодамна во јавност се појавува со дијамантски прстен на местото каде обично се неоси веренички, што поттикнало шпекулации дека актерката се верила со Роман Дуријак, своето сегашно момче.
Доколку се омажи за французинот, тоа ќе и биде втор брак бидејќи претходно две години била омажена за колегата Рајан Рејнолдс, од кој се развела во 2011. Сегашното момче го запознала преку заеднички пријател во ноември минатата година и оттогаш се неразделни.