Американската актерка и пејачка Мајли Сајрус се верила за своето момче, актерот Лијам Хемсворт. Парот, кој во 2009 година се запознал на снимањето на филмот „The Last Song“, ја објавил својата веридба, а публицистот Џеф Рејмонд ја потврдил оваа вест за медиумите.
Хемсворт, кој има 22 години, и е познат по улогата во филмот „Игри на гладта“, и Сајрус која има 19 години и е позната по улогата во популарниот филм „Хана Монтана“, се вериле на 31 мај. Медиумите пренеле дека актерот ја запросил Мајли со прстен со 3,5 каратен дијамант. Сајрус рекла дека гледа напред во живот полн со среќа заедно со Хемсворт.