Старлетата Ким Кардашиан се верила со своето момче, кошаркарот Крис Хемфрис.
Таа за списанието „Пипл“ изјавила дека се шокирала кога по влегувањето во својата куќа на Беверли Хилс минатата седмица го здогледала Хемфрис како на колена чека одговор на запросувањето напишано на подот со ливчиња од роза.
Крис, кој настапува за екипата на Њу Џерси Нетс на својата вереница и дал прстен со дијамант од 20,5 карати.
 Сестрата на Ким, Млое, се венчала 2009 година за кошаркарот на Лос анџелес Лејкерс, Ламат Одом.
 Двете сестри се главни актерки во реалното шоу “Keeping Up With the Kardashians”.