Актерката Ен Хатавеј се верила за своето момче и колега Адам Шулман. Порпаролот на актерката ја потврдил среќната вест и изјавил дека парот наскоро планира свадба. Гласините за можната веридба се прошириле кога 28-годишната ѕвезда била видена како шета со вереничкиот прстен на раката додека со Адам била во Бруклин.

Тие двајца почнале да се гледаат во ноември 2008 година кога таа ја раскинала врската со италијанскиот бизнисмен Рафаел Фолијери кој бил уапсен и осуден за измама, перење пари и завери.