Британската актерка Елизабет Харли ја прифатила понудата за брак од австралискиот крикет играч Шејн Ворни, кој ја запросил за време на романтична вечера во Шкотска.

 Како што пишуваат медиумите, спортистот и поранешната манекенка се вериле по нешто помалку од една година забавување.

Запросувањето било направено пред полн ресторан со гости, кои станале и им аплаудирале на идните младенци. Претставникот на ресторанот не сакал да го коментира настанот.

Шејн во 2010 година се развел од сопругата по десет години брак, а Елизабет во јуни се развела од индиецот Арун Најар, со кој била во брак четири години.