По само десет месеци врска актерката Дру Баримор се верила за Вил Копелман, агент за недвижности чиј татко бил директор на американската подружница на Шанел. Таа со Копелман започнале да се гледаат на почетокот на минатата година, а се вериле за време на божиќните празници во Сан Валеј во Ајдахо. Извор за медиумите рекол дека биле многу среќни заедно.


Парот кратко бил заедно и во 2010 година, но по раскинувањето, во 2011 година, ја обновиле врската. Американските медиуми Копелман го опишуваат како многу друштвен човек и голем плејбој. На актерката ова ќе и биде трет брак. Од 1999 до 2001 година била во брак со Том Грин, додека во 1994 година се омажила за Џереми Томас, но бракот траел само еден месец.