Пејачката Бритни Спирс во четвртокот по речиси три години врска се верила со својот поранешен менаџер Џејсон Тревик. Тревик за неа почнал да работи во 2006 година кога сеуште била во брак со Кевин Дедерлајн, а за време на разводот и давал голема поддршка. Ниту пејачката последниве години не криела колку е среќна откако тој влегол во нејзиниот живот. Се зборува дека се согласил на потпишување предбрачен договор со поп принцезата и дека за нејзината рака побарал благослов од нејзиниот татко.

Бритни Спирс, која зад себе има турбулентен период со губењето на старателството над синовите и одењето на рехабилитација, веќе два пати била во брак. Две години била во брак со Кевин Федерлајн со кој ги има двата сина Шин Престон и Џејден Џејмс, а само 55 часа била во брак со пријателот од детството, Џејсон Александер, за кој експресно се омажила во 2004 година во Лас Вегас.