Фронтменот на групата „Aerosmith“ неодамна на одмор на Хаваите ја запросил својата 25 години помлада девојка Ерин Бреди, со која е во врска веќе пет години, соопштиле американските таблоиди.
На фотографиите снимени за Божик, на раката не неговата долгогодишна девојка можел да се забележи прстен со голем дијамант. Фронтменот на „Aerosmith“ зад себе има два брака и четири деца, а со Ерин, која има 38 години, во врска е од 2006 година.