Музичарот Пол Мекартни се верил со својата долгогодишна девојка Ненси Севел. Извор близок на парот изјавил дека парот се радува на претстојната венчавка. Помеѓу нив постоела вистинска хемија и обајцата биле опуштени и оптимистични.


Поранешниот член на „Битлси“ и Ненси, која е 17 години помлада од него, се забавуваат веќе четири години. Пејачот бил оженет два пати. Со првата сопруга Линда се венчал 1969 година. По нејзината смрт се венчал со манекенката Хедер Мајлс од која се развел 2008 година.