Американскиот актер Џорџ Клуни изгледа конечно е „уловен“. Списанието „Пипл“ пишува дека холивудскиот заводник и вечниот ерген се верил со Амал Аламудин, британска адвокатка, која моментално е во правниот тим на основачот на Викиликс Џулиен Асанж.

Извор близок до парот рекол дека се трудат да бидат што подискретни, но не се обидуваат да се кријат. Друг извор тврди дека парот бил виден минатиот четврток во еден ресторан во Лос Анџелес, во друштво на манекенката Синди крафорд и нејзиниот сопруг, и дека во таа прилила Амал на раката имала огромен прстен. Пртопаролот на Џорџ не сакал да го коментира приватниот живот на актерот.