Американските телевизиски ѕвезди Софија Вергала и Џо Манџаниело се верија, пренесуваат американските медиуми. Колумбиската „бомба“ Вергара (42), ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, шест месеци е во врска со заводникот од серијата „Вистинска крв“, Манџаниело, кој има 38 години.
Портпаролот на Вергара не ги потврдил наводите на списанијата, кои тврдат дека парот се верил на Божик на Хаваите. Манџаниело, кој во серијата го играл ликот на врколакот Алсид и стрипер во филмот на Стивен Содерберг „Магичниот Мајк“, непдамна продуцирал докиментарен филм за машки стриптиз клуб.