Славниот британски актер Роберт Патисон кој се прослави со улогата на вампир во „Twilight Saga“, после шестмесечна врска со својата девојка, пејачката ФКА Твигс наводно одлучил да го направи следниот голем чекор. Парот, како што пренесуваат медумите, се верил.
Робер со пејачката чие вистинско полно име е Талиа Дебрет Барнет пронашол среќа после бурната врска со партнерката од вампирската сага Кристен Стјуарт. Бројни извори ја потврдиле веридбата на 26-годишната пејачка и актерот, но нивните портпароли не сакале ништо да коментираат. Очигледно парот продолжува во сега веќе за нив препознатливото таинствено темпо.