Американската пејачка Мараја Кери се вери на 21 јануари во Њујорк со австралискиот милијардер Џејмс Пакер, пренесуваат светските агенции. Ова ќе биде трет брак за Мараја Кери, која претходно беше омажена за актерот Ник Кенон и некогашниот директор на дискографската куќа „Сони Мјузик“, Томи Мотола. Американското списание Форбс наведува дека вредноста на богатството на 48-годишниот Пакер е проценета на 3,5 милијарди долари.
Пакер го зазеде четвртото место на листата најбогати жители на Австралија во изданието за 2015 година. Бизнисменот има три деца, а 45-годишната пејачка во 2011 година роди близнаци. Пакер, кој е директор на неколку казина во Австралија е син на покојниот австралиски медиумски тајкун Кери Пакер веру