Прекрасната манекенка наскоро ќе застане пред олтарот. Ангелот на Викторија Сикрет Кендис Свонпул се вери со своето долгогодишно момче, 29-годишниот Херман Николи. Парот е заедно веќе цели десет години, а својата врска ја започнале кога манекенката имаше само 17 години, и тоа после една нивна случајна средба во Париз.

Извор близок до моделот за медиумите изјави дека таа никогаш не била посреќна. Убавата манекенка веридбата ја потврди со црно-бело видео на Инстаграм, на кое танцува со своето момче, а на раката има голем прстен. Поради љубовта кон својот сакан, Кендис дури и научи да зборува португалски. Честитки до среќниот пар!