Славната 23-годишна убавица Кејт Аптон и нејзиното десет години постаро момче Џастин Верландер се вериле во тајност пред околу месец дена, а сега тоа го открија и пред остатокот на светот. Манекенката и безбол играчот се верија на почетокот на април, но веста со останатите ја поделија дури сега.

 

Парот нема да брза кога е во прашање одредувањето на точниот датум на венчавката. Кејт Аптон изјави дека е навистина возбудена. Ја прашал дали ќе се омажи за него пред почетокот на сезоната, па одлучиле тоа малку да го кријат. Инаку, парот е заедно веќе три години.