Познатата актерка изгледала многу среќно и исполнето кога на аеродромот во Њујорк била фотографирана со голем дијамантски прстен на десната рака, што поттикнало шпекулации дека се верила со своето момче Бенџи Меден. Познатата актерка со 35 годишниот рокер прв пат во јавноста била видена во мај оваа година, а извори блиски до парот потврдиле дека се спремни својата врска да ја направат посериозна.

 

Еден од изворите рекол како многумина мислат дека нивната врска е необична, но тие двајца се многу среќни заедно. Бенџи досега многу лесно се вљубувал, но овој пат навистина е сериозно. Во септември еден негов пријател изјави дека Бенџи е многу потрадиционален од Камерон. Таа не мислела на свадба, но би сакала деца, а него многу важно му било прво да се венчаат. Актерката досега не стапувала во брак, а била во долги врски, со колегата Џеред Лето, со пејачот Џастин Тимберлејк и бејзбол играчот Алекс Родригез, додека Меден е познат по своите врски со старлетите Парис Хилтон и Софи Монк.