Иако се во врска само четири месеци, пејачката Кајли Миног и актерот Џош Сас по се изгледа решија својата врска да ја подигнат на повисоко ниво. Имено, Кајли е видена во друштво на своето момче како излегува од еден ресторан. Меѓутоа, вниманието го привлече дијамантскиот прстен кој се најде на раката на пејачката, на прстот на кој се носи веренички.
Откако папараците го фотографираа прстенот, веднаш се појавија шпекулации дека Џош ја запроси Кајли. Актерот и пејачката неодамна се вратија од Женева, каде беа на зимување. Можеби токму тој романтичен одмор беше причина за запросувањето. Извор близок до пејачката вели дека таа не ја трга насмевката од лицето, а дијамантскиот прстен гордо го истакнува во прв план, како да сака сите да го видат.