Добитничката на Оскар, Хилари Свонк и некогашниот професионален тенисер Рубен Торес неодамна се верија. Среќната вест популарната актерка ја објави на својот Инстаграм профил и откри дека запросувањето се случи додека парот бил на планинарење. „Отидовме на планинарење и се случи ова! Толку сум среќна што можам да ги поделам со вас овие возбудливи и убави вести – веридба со мојот драг Рубен“, напиша Хилари во описот на својата фотографија.

 

Хилари и Рубен се во врска од јули минатата година. Актерката претходно беше во брак со Чед Лоу, но парот се разведе во 2007 година. После тоа речиси шест години беше во врска со Џон Кемпси. Што се однесува до нејзината актерска кариера, минатата година објави дека малку ќе паузира од глумата како би се грижела за својот татко кој моментално живее со неа после операцијата на плуќата.