Изгледа славниот актер Џони Деп потполно падна на шармот на младата убавица Амбер Хард. Иако бил четири пати верен, изгледа актерот кој има 50 години конечно и официјално ќе се ожени. Медиумите јавуваат дека 27-годишната Амбер на левата рака носела голем дијамантски прстен кој се обидувала да го сокрие. Папараците не можеле да не го забележат тој детал додека актерката излегувала од ресторан во Холивуд.
Парот бил многу близок на доделувањето на Златните глобуси, а камерите ги забележале нивните погледи и нежни шепотења. Нема сомнение дека младата љубов потполно го смотала стариот заводник. А изгледа дека и тој посакал да биде помлад, па ја покажал и новата фризура и русите прамени, како да се вратил во деведесеттите. Откако се во врска, привлекуваат и големо медиумско внимание. Поради неа славниот актер ја оставил парнерката Ванеса Паради со која има две деца.