Иако 45-годишниот Џерард Батлер е на глас како фраер кој често ги менува своите девојки, изгледа дека една сепак успеала да го заинтересира на подолго време. Актерот кој кршел женски срца ширум светот одлучил да се смири и тоа покрај една девојка, Морган Браун. Како што пишуваат американските медиуми, Џерард ја запросил својата девојка со која се гледа од минатото лето, а од декември живеат заедно.
Таа сама ги поттикнала гласините за веридбата, откако била видена со голем дијамантски прстен на левата рака, за време на прошетка во Малибу. Морган е талентирана бизнис жена која има својата компанија за уредување на ентериер. Својата кариета ја започнала така што ја купила својата прва куќа во третата деценија од животот, ја уредила и ја продала, па така ја пронашла својата страст кон декорирањето.