Младата пејачка Ариана Гранде ги воодушеви сите со својата нова песна ‘Santa Tell Me’, но, тоа не е единствената причина поради која ова за неа е еден од најубавите празници. Како што пишуваат таблиоидите, Ариана и нејзиното момче Биг Син конечно признале дека се сакаат, а наводно раперот за Божик и подарил прстен изработен само за неа.
Извор близок до парот рекол дека и подарил прстен и дека сакал да и даде до знаење колку му значи. Изворот не е сигурен дали Биг Син ќе ја запроси Ариана, но знае дека нарачал да се изработи посебен прстен само за неа. Додал дека Син е многу вљубен во неа и дека никој од неговите пријатели не би бил изненаден долку се одлучи да ја запроси за време на празниците, бидејќи постојано зборувал дека таа е онаа вистинската. Се чини дека познатата пејачка би можела да биде една од најсреќните девојки за време на празниците.