Младите Американци Џејсон и Рејчел од Мичиген, се венчале во погребното претпријатие каде што е тој е директор.

Веселбата исто така продолжила во погребното претпријатие.

„Оваа соба обично е исполнета со тага, но денес во неа има среќа и веселба“ – рекол свештеникот Грег Пратхер на почетокот на церемонијата.


Џејсон (24) не гледа разлика помеѓу венчавка во црква и погребно претпријатие. Тврди дека тоа е иста работа.

„Што мислите, колку мртовци биле пред олтарот на црквата?“ – рекол тој.

Неговата невеста, 24 годишната Рејчел, исто така ја прифатила локацијата. Се навикнала на неговата работа.

„Ми се допаѓа идејата бидејќи е посебна“ – рекла таа.

Но, не биле сите гости воодушевени од идејата. Некои ја одбиле поканата па Рејчел морала да ги убедува роднините и пријателите дека нема да има ковчези или мртовци.