Кинезите Ли Венхуа и Јан Хонџиа од Нингјанг работат како пчелари во шумарскиот институт Нанху. Иако поголемиот број од пријателите се држеле на пристојна оддалеченост, парот се венчал во костими од неколку илјадници живи пчели. Ли работи со пчели веќе 20 години и сака да го сруши рекордот за најголема наметка од живи пчели.


Ставил една матица на себе, а друга на сопругата. Но било невозможно да се изброи по колку пчели имале на себе. Се надеваат дека ќе биде доволно за да влезат во Гинисовата книга на рекорди. Јан додала дека отсекогаш ги сакала пчелите, но и дека ова за неа претставувало сосема ново искуство.