Во желба стапувањето во брак да им остане во сеќавање како доживување на неповторливи емоции, Ејприл Пињатаро и Мајкл Кари зарониле на својата венчавка во аквариум полн со ајкули. Младенците биле спуштени во кафез на дното на базенот каде го кажале судбоносното „ДА“ во присуство на огромен број ајкули.


Венчавката била одржана во центарот „Атлантис“ во Њу Јорк. Младенците, обајцата искусни нуркачи, носеле одела за нуркање, бело за невестата и црно за младоженецот. Околу 75 гости ја следеле церемонијата на безбедно место, зад стаклото на аквариумот.