Брачниот пар од Јоркшир, Велика Британија, Алекс Пелинг и Лиса Гант, одлучиле не само да патуваат по светот, туку и да се венчаваат во секоја земја која ќе ја посетат. Тие одлучиле венчавките да ги прават според локалните обичаи. Прво сакале да имаат 30 свадбени церемонии, а во моментот кога Yahoo News ја пренел нивната приказна, веќе 23 пати го кажале судбноносното „да“ и тоа во 15 различни земји.
Својата авантура ја започнале во јули 2011 година. Ја продале куќата и сега живеат во камп приколка, а на крајот на патувањето планирано за јули 2014 година ќе изберат една дестинација каде ќе ја одржат последната церемонија и официјалната венчавка, во друштво на блиските пријатели и семејствата.