Поранешната универзитетска професорка Џоан СентКлер од Нелсон отпатувала во САД на одмор пред седум години. Се вљубила во бездомникот Даниел Орлик и се венчала за него девет дена подоцна. Тие се сеуште заедно и го очекуваат своето второ дете. Џоан имала свој стан, автомобил и добра работа, но нешто сепак и недостасувало.


Го запознала Даниел во хостел во Лос Анџелес. И раскажал дека тешко живее и дека заработува свирејќи на улица бидејќи сонувал дека ќе стане популарен пејач. И отсвирал некои од неговите песни. По пет дена ја запрашал дали знае дека тие двајца ќе се венчаат, а таа му одговорила дека знае, и оттогаш па се до денес се сеуште заедно.