Хозе Мануел Риела и Мартина Лопез минале 80 години во „див брак“, без благослов од црквата, по што одлучиле да се венчаа во Санта Роза, Парагвај. Како што пренеле медиумите, Хозе Мануел кој има 103 години, од инвалидска количка се заколнал на вечна љубов кон Мартина која има 99 години, која на себе носела долга бела венчаница.
Церемонијата била одржана во градината на нивната куќа, во присуство на нивните осум деца, 50 внуци, 35 правнуци и 20 чукун внуци. по свеченоста била приредена и забава. Свештеникот кој ја извршил церемонијата рекол дека Хозе Мануел и Мартина се најстарите младенци за кои некогаш слушнал. Парот кој заедно живее веќе 80 години се венчал во општината уште пред 49 години.