Американската актерка Џесика Бел и актерот Џастин Тимберлејк се венчале. Се венчале во јужна Италија. Се вериле во декември минатата година после неколку години забавување. Парот во соопштението за списанието Пипл навел дека церемонијата била прекрасна и било убаво да се биде во друштво на семејството и пријателите.

Тимберлејк, кој во последно време повеќе глуми отколку што пее, ја игра главната улога во филмот на Клинт Иствуд за безбол “The Trouble with the Curve”. Од друга страна, Џесика игра во римејкот на филмот “Total Recall”, како и во Филмот „Хичкок“.