Светската јавност на големо зборува дека Анџелина Џоли и Бред Пит конечно се венчале. Имено, америкаснкиот таблоид “Intouch Weekly” открил дека парот се венчал по хиндуистичките обичаи, баш како што и се најавувало. Заветите ги размениле на брегот на Индискиот Океан во потполна тајност како што и се навикна на холивудскиот пар.
Портпаролите на парот не сакале ниту да ја потврдат ниту да ја демантираат веста. Претходно овој месец светскиот печат пишувал дека парот би требало да се венча на почетокот на 2011 година во романтичниот Џопур, преубавиот град во индиската држава Раџастан, според свадбениот хинду ритуал „ферас“, кој би бил надгледуван од нивниот духовен советник Рам Лаи Сијаг.