Карл Кинг и Дороти Сталингс од Тексас, се венчале 62 години по раскинувањето на нивната врска. Почнале да се забавуваат во последната година од средно училиште, а потоа Карл бил регрутиран во морнарицата за време на Втората Светска војна. Имал среќа да преживее, а по завршувањето на војната се забавувал со Дороти уште две години.
Потоа раскинале и продолжиле секој по својот пат. Карл се оженил и има четири деца, а Дороти никогаш не се омажила. Таа 40 години работела како учителка. Откако на Карл му починала сопругата. тие се зближиле по трет пат и одлучиле да се венчаат. Тој сега има 86, а таа 84 години, но тоа воопшто не им сметало.