За оваа пригода опатијата беше украсена со цвеќе азалеја, рододендрон, вистерија и јоргован.
Најпрвина во опатијата пристигнаа принцот Чарлс и неговата сопруга Камила. Потоа, Вилијам облечен во црвена униформа и неговиот брат и кум, принцот Хари како и британската кралица Елизабет ИИ.
Кејт Мидлтон во придружба на својот татко Мајкл Мидлтон со стаклена кочија од 1881 година тргна од хотелот во кој престојуваше кон опатијата, а по пат ја поздравија многубројните граѓани на Англија.
Таткото на невестата, Мајкл Мидлтон ја држеше за рака својата ќерка и ја предаде до олтарот на принцот Вилијам.
Свечената церемонија започна со хорот на Вестминерската опатија за потоа свештеникот да продолжи со крунисувањето на љубовта.
„Те венчавам со овој прстен“ рече Вилијам, но имаше малку проблеми со ставањето на прстенот.
Бурмата е направена од велшко злато, што е традиција во кралското семејство од 1923 година. Принцот Вилијам уште претходно рече дека нема да носи бурма.
Потоа, тие ја изговорија заклетвата пред Кентерберскиот архиепископ кој ја прочита традиционалната молитва за среќен брак исполнет со многу љубов.
Фустанот на Кејт Мидлтон е долг 2,17 метри со долги чипкани ракави и со вел преку главата. Венчаницата чини 400 илјади долари кои ја плати таткото на Кејт.
На приемот по венчавката нема да биде служено пиво, на барање на парот кои планираат да останат трезни, а ќе се служи вино, шампањ и канапеи, целер мини јоркширски пудинзи, телешко и колбаси. Свадбената торта ќе биде овошна на повеќе катови. Наводно е нарачана и чоколадна торта која ќе биде послужена на приемот во Бакингемската палата.
На венчавката присуствуваат Дејвид и Викторија Бекам, сер Елтон Џон, режисерот Гај Ричи и многу други јавни личности.
Младенците и гостите ќе ги фотографира Хуго Барнард, официјален фотограф на прославата на 60. роденден на принцот Чарлс, како и на неговата венчавка со Камила Паркер.
На приемот во Бакингемската палата ќе пее Ела Гоулдинг, додека на журката навечер се очекува Бионсе и нејзиниот сопруг Џе Зи. Авионите на кралската авијација ќе ја прелетуваат палатата по венчавањето и ќе изведуваат трикови додека братот на Вилијам, Хари ќе одржи говор.
Во случај на развод, Кејт Мидлтон има право да бара паричен надомест, а се проценува дека може да биде и милионски, со годишен додаток кој ќе биде намален доколку Кејт по разводот повторно се омажи.
Богатството на принцот Вилјам се проценува на околу 14.5 милиони евра, а после смртта на кралицата Елизабета ќе наследи скоро 330 милиони евра.
Децата по разводот би му припаднале на Вилјам, а Кејт, како и нејзиното семејство би имале право да ги посетуваат. Доколку ги открие деталите од предбрачниот договор, Кејт би морала да плати седмоцифрен износ како обештетување.
ивор:„Макфакс“