Мила Кунис и Ештон Качер конечно својата врска ја крунисаа со брак. Списанието Пипл тврди дека парот се венчал изминатиов викенд на тајна церемонија. Извор близок до парот рекол дека сите детали за церемонијата се држени во тајност, а гостите биле известени помалку од 24 часа пред венчавката. Била мала и инитмна венчавка со пријателите и семејствата. Претходно се зборуваше дека парот се венча пред неколку месеци, бидејќи Мила беше видена со прстен кој неодоливо потсетува на бурма.

 

За време на гостувањето на Мила во една емисија во март, водителот ја запрашал дали веќе станаат сопруг и сопруга, на што Мила одговори со „можеби“. Ештон ја запроси Мила во февруари 2014 година, а во октомври ја добија ќерката Вајат Изабел. Почнаа да се забавуваат во април 2012, но се запознале многу порано, на снимањето на серијата „Весели седумдесетти“, која се прикажувала од 1998 до 2006 година. Ова е прв брак за Мила, додека Ештон беше оженет за актерката Деми Мур од 2005 до 2011 година.