Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт неодамна се смирија, повторно се верија, а се шушка и дека се венчаа во тајност на една плажа во Австралија, родната земја на актерот. Парот не ја демантира приказната, па така многумина веруваат дека навистина се заедно, а се шпекулира и дека пејачката е во блажена состојба. Пријател на пејачката изјави дека побрзаа со венчавката токму поради бременоста на Мајли.
Тоа дискретно го откри со објаснување дека бебе би било совршена круна на нивната љубов, која ја обновија за Божиќните празници. Исто така извор близок до Лијам и контраверзната пејачка откри дека Мајли инсистира што побрзо тој да го потпише предбрачниот договор. Да потсетиме, Мајли и Лијам беа верени, по што раскинаа. Пејачката во меѓувреме имаше романси со други мажи, но и жени.