Иако својата свадба старлетата ким Кардашиан и раперот Кање Вест ја закажале за 24 мај во Париз, сепак извор близок до парот потврдил за светските медиуми дека тиве двајца изминатиов викенд тајно се венчале во Лос Анџелес.

Изворот навел дека се венчале и сега се сопруг и сопруга и на хартија. Моментало биле на пат за Њујорк. Младенците спремаат свадбена веселба со 200 пријатели и членови на семејството која ќе се одржи во романтичниот град на светлината Париз.