Холивудскиот актер Џони Деп и актерката Амбер Херд се венчаа во тајност во Лос Анџелес, пренесуваат странските медиуми. Деп и Амбер се вериле во 2012 година набрзо откако Деп соопшти дека се разделува со француската актерка и пејачка Ванеса Паради со која би во врска 14 години и со која има две деца.
Ова е втор брак за ѕвездата на серијалот „Пиратите од Карибите“. Деп бил во брак и со Ен Алисон, а познат е и по бурните врска со Винона Рајдер и Кејт Мос. Деп и Амбер се запознале на снимањето на филмот „Дневници на румот“ во 2011 година.