Шведската принцеза Мадлен, најмладата од трите деца на кралот Карл Густав 16 и кралицата Силвија, и бизнисменот од Њујорк Крис Онил се венчале во саботата во Стокхолм. Голем број луѓе го проздравиле парот пред кралската палата, кој со кочија со коњи се возел низ центарот на градот до палатата. По церемонијата, која била одржана и на шведски и на англиски јазик, пејачката на поп групата Роксет Мари Фредрискон отпеала една од своите најпознати балади на шведски јази. На венчавката присуствувале бројни членови на кралски семејства од други земји, меѓу кои и принцезата Шарлин од Монако, јапонската принцеза Такамадо, Британскиот принц Едвард, данскиот престолонаследник Фредрик и норвешкиот престолонаследник Хакон.
Принцезата Мадлен, која денес полни 31 година, њујоршкиот банкар го запознала додека работела во САД во рамките на фондацијата за грижа за децата, која ја основала нејзината мајка, а веридбата била објавена минатиот октомври. Мадлен, за разлика од постарите сестри престолонаследнички Викторија, која со својот стиј ја воодушевила јавноста, повеќе пати била на мета на критики, а таблоидите често пишувале за неа поради бурните ноќни забави кои ги посетувала, и шопингот на кој трошела големи суми пари.