Австријците Мелани и Рене Шашнер во саботата се венчале потполно голи. Невестата на себе имала само бел превез, додека младоженецот бил сосема гол. Сепак, како не би открила баш се, невестата носела танга во боја на кожата, а младоженецот својата машкост ја покрил со шешир.


По официјалниот дел од венчавката, прославата продолжила во блискиот дворец, каде ги чекале облечените гости. Мелани рекла дека не се срамат од своите тела и дека сакале да направа нешто по што нивните пријатели венчавката ќе ја помнат за цел живот.