Околу 600 новинари и медиумски работници, денеска, во СРЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираа со „Спутник“, во акцијата организирана ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство. Во првиот бран се вакцинираа оние новинари кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација.
Она што е особено значајно е дека сите овие медиумски работници беа во допир, близок контакт со вирусот, но имаа и контакти со многу луѓе и мислам дека овој тип на заштита е значаен затоа што ќе биде заштита не само за личното здравје туку ќе биде и заштита и за останатите луѓе кои имаат постојани контакти новинарите, рече Младен Чадиковски од Здружението на новинари во Македонија (ЗНМ).
Тој појасни дека оваа стратегија за вакцинирање на оваа работно способно насленеие дека дава добри резултати, и ќе дава добри резултати особено во медиумите каде што постојано гравитираат многу луѓе и од самите вработени но, како што потенцира, и од гости кои се постојано присутни во медиумските куќи. Посочи дека организацијата беше добра и во ниеден момент не се создадоа поголеми редици или колони.
Тамара Грначаровска од Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) рече дека и е мило за големиот одзив кај новинарите и се надева дека вакцинацијата ќе продолжи и сите новинари ќе бидат вакцинирани.
Во текот на денот, како што информираше Министерот за здравство Венко Филипче, се очекува да пристине донација од 2000 кинески вакцини. Пратката е веќе во Софија и е организиран транспортот до Скопје.
OhridNews