Поради свлечиште на патниот правец А3 Прилеп-Охрид, на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на возила. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките места.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
OhridNews