Сè уште се трага по возачот на автомобилот што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче.
Од петте лица кои биле во возилото за среќа од страна на случајни минувачи е спасено четиригодишно дете, кое е пренесено во Клинички центар во Скопје и е во добра здравствена сосотојба.
Како што вчеравечер информираше Центарот за управување со кризи, од возилото кое било извлечено од Вардар биле извадени тела на три женски лица.
OhridNews