Се уште се гаси пожарот на депонијата Мауцкер. На терен од претпладнево ангажирани се екипи на ЈП Охридски Комуналец кои интервенираат со механизација за затрупување на опожарените делови.

Гори ѓубриштето и дел од кровната конструкција на старото стрелиште. На терен е излезено со две возила и шест пожарникари. По 13.45 часот е почнато гаснење со затрупување, дојдени се екипи на ЈП Охридски Комуналец и затоа се повлечени луѓето од пожарната, информира заменик командирот на ТППЕ Охрид, Коста Кузмановски.

Слична интервенција пожарникарите од Охрид имаа и пред десетина дена, кога исто така гореше отпад на депонијата.

Гаснењето тешко се одвива оттаму што се работи за опожарен материјал што мошне тешко се гаси со вода, односно потребна е интервенција со механизација за затрупување на опожарените делови од ѓубрето.

Н.С.Ј.