Се уште нема ништо од донесување на новиот закон за туризам, бидејќи засега ниту една компанија за одигурување не е заинтересирана за осигурување на туристичките аранжмани. Тоа, како што рече министерот за економија Кресник Бектеши, е единствена причина што не е донесен законот за кој е изготвена финална драфт верзија. Тој истакна дека во тек се преговори со коморите за изнаоѓање решение и кога тоа ќе биде најдено новиот закон за туристичка дејност ќе биде пратен на усвојување во Владата.

Предлог законот предвидува осигурителните компании да понудат банкарска гаранција од 100.000 евра за да ги осигураат ангажманите на туристичките агенции, што се смета заглавна пречка во преговорите на министертвото за економија со осигурителниот сектор.

-Доколку одиме со варијантната на осигурителна полиса, во случај наши граѓани да останат во друга држава поради пробмлеми со туристичкиот аранжман, ќе може многу побрзо да се искомпанзира штетата и граѓаните да продолжат со одморот или, пак, безбедно да се вратат дома. – посочи Бектеши.

Министерот за економија појасни дека и со постојниот закон граѓаните се заштитени од несовесни тур-оператори, како и дека на располагање имаат инструменти за обештетување, но за тоа е потребно подолго време.

Бектеши денеска на прес конференција обзнани дека Министерството за економија oбјавило јавни повици за три мерки за поддршка на туризмот и тоа за субвенции за селски домаќинства, за поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот и за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости за мерката Одмор за работници со ниски примања.

-За првата мерка се кофинансираат до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари кои ќе се направат за уредување и опремување на објектот согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа. За поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот се кофинансираат дел од трошоците за организација на Манифестации, Проекти и Бизнис форуми кои имаат туристички карактер а се во интерес на развој на туризмот.а последниот јавен повик се однесува за пријавување на угостителските објекти за сместување за прием на гости за мерката-Одмор за работници со ниски приходи. – информираше  Бектеши.

Покрај за туризмот, Министерството за економија оваа недела распиша или ќе распише јавни повици за стимулирање на занаетчиството, како и за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут.

OhridNews
фото: Министертво за економија