Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е сеуште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола, информираат од АМСМ.
На патниот правец Прилеп – Витолиште Р-1107, стационажа 35-ти километар, поради свлечиште на патот сообраќајот се одвива отежнато. На патниот правец Прилеп – Македонски Брод Р-1303, на 27-ми километар, поради слегнување на асфалтот на патот сообраќајот се одвива отежнато. Поставена е соодветна патна сигнализација.
Од АМСМ уште информираат дека пПатниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е расчистен за сообраќај за сите возила. Се препорачува внимателно управување со возилата поради остатоци од снег и можна појава на одрони.
OhridNews