На територијата на државава до 14 часот попладнево имало вкупно 20 пожари, од кои осум се активни, десет се изгаснати и два се ставени под контрола.

Активен е пожарот на Илинска планина на територија на Демир Хисар каде утрото дејствувале трите „ер трактори“ на ДЗС, четири локални пожарникари и 22 вработени од ЈП „Национални шуми“. Се користат и градежни машини за да се направат таканаречени противпожарни пресеки, односно појаси, информираат од ЦУК.

Од ТППЕ Охрид споделија фотографии од терен каде интервенираат и денес и од каде може да се забележи дека сеуште гори ниската вегетација.

Пожарот на Илинска планина помеѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе избувна пред три дена, а истиот се гаси како од земја, така и од воздух.

OhridNews

фото. ТППЕ Охрид