Пожарот на планината Галичица, што избувна во близина на граничниот камен Ф 10, се уште е активен. Како што информираат надлежните од Националниот парк, гори ниска вегетација, на двете страни од границата.
Пред малку кон местото на пожарот со хеликоптер се упатија 12 пожарникари, вработени во Националниот парк и членови на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Тие ќе дејствуваат околу жариштето, а леталото се очекува да интервенира на најкритичните точки на охридската и преспанската страна од националниот парк.
Во моментов во земјава активни се 40 пожари, изгаснати се 25, под контрола се 6, а активни 9.
Г.М.