Вијадуктот во близина на Џенова се урна денес, пренесуваат светските агенции.
Агенцијата „Ројтерс“, која беше меѓу првите што ја пренесоа веста, соопшти дека полицијата и пожарникарите биле на местото на настанот и засега не е познато дали има жртви. „Спутник“ пишува дека се стравува оти има многу жртви и дека е можно неколку автомобили да паднале од мостот. Истите информации ги пренесува и британскиот „Мирор“ додавајќи дека италијанските пожарникари потврдиле дека возилата паднале од мостот.
Изградбата на мостот почна во 1962 година и заврши во 1968 година, а беше реконструиран во 2016 година.