Единаесет војници го загубија животот при уривање на хеликоптер на Армијата на Република Македонија-AРМ, во близина на Скопје, соопшти Министерството за одбрана.
Транспортен хеликоптер „Ми 17“ кој се враќал од мисијата во Босна и Херцеговина „Алтеа“ од засега непознати причини се урнал кај местото Блаце во близина на Катланово, на педесетина метри од првите населени куќи. По падот на хеликоптерот според очевидци се слушнале две силни експлозии за кои се претпоставува дека се предизвикани од муницијата која била во хеликоптерот.
На местото на несреќата веднаш се упатиле екипи на Министерството за внатрешни работи, Противпоражната служба и Брза помош. Во несреќата за жал, според првичните информации од теренот нема преживеани.
ohridnews